РАКОМЕТСП ЕГИПЕТ 2021

Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП ЕГИПЕТ 2021

На денешната средба против Белорусите одигравме добро во најголем дел, но имавме и црни минути во вториот дел со кои му овозможивме на противникот да направи разлика по која не се вративме. Првиот дел заврши нерешено 14-14, второто полувреме исто така започна и беше рамноправно се до 20-20.
Почнавме добро, за промена, па дури и поведовме со два разлика, 5-3 во 12. минута. Нападот делуваше течно, функционираа акциите преку пивот, Кире Лазаров предводеше и Македонија беше постојано во водство, иако со по еден разлика. Одбраната беше агресивна, агилна, добро го затвори белорускиот пивот Каралек, единствено левиот бек Кулеш успешно минуваше или од далечина или еден на еден.
Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров беше најдобар наш играч на денешниот меч против Белорусија на Светското првенство во Египет.

Членот на Нант беше автор на седум погодоци и беше прогласен за играч на натпреварот и покрај тоа што ние го загубивме овој последен меч на мундијалот. Овој денешен настап на Кире воедно донесе и еден рекорд, тој дојде до 500. гол во дресот на Македонија на големите натпреварувања.

Неговиот седми погодок против Белорусите беше 318 за Македонија на мундијалите или вкупно 500 во националиот број.

Оваа бројка, рекорд на Кире тешко дека ќе може да биде надминат во иднина

Сподели: