ФУДБАЛ

Клоп: Англија ќе има големи проблеми

 

Јирген Клоп предупреди дека англискиот селектор Герет Саутгејт може да има големи проблеми поради густиот распоред на натпревари.

Клоп верува дека Саутгејт може да има проблем да состави тим на Евро следната година. Германецот е најгласен заради убиствениот распоред на натпревари каде англиските клубови практично играат на секои три дена. Тој забележува дека е невозможно да се опорави од таков ритам и дека освојачите на титулата ќе одлучат кој ќе има помалку повредени играчи.

“Герет ќе има големи проблеми ако останеме на правилото за три замени. Повеќето играчи што ќе ги повикаат на шампионатот играат на секои три дена и ќе продолжат да играат на секои три дена. Англија ќе има големи проблеми”.

Англиските клубови гласаа против воведувањето правило за пет замени пред сезоната. Некои како Крис Вајлдер од Шефилд Јунајтед веруваат дека три замени ќе им дадат предност на големите клубови како Ливерпул  поради подобрите замени.

Сподели:

Comment here