ФУДБАЛ

Зидан го крои тимот за јануари, лично го контактирал следното засилување

 

На Реал не му оди баш најдобро на теренот оваа сезона, а Зинедин Зидан, кој се посочува како главен виновник за ситуацијата, веќе работи за нови засилувања на тимот. Како што открива германски „Билд“, Французинот веќе го контактирал следното засилување, а станува збор за новата унгарска ѕвезда и фудбалер на Ред Бул Салцбург, Доминик Собослаи.

Селекторот на Унгарија Марко Роси неодамна се пофали дека неговиот миленик веќе го договорил следниот трансфер и дека во зимскиот преоден рок речиси сигурно ќе заврши во РБ Лајпциг, што ги расипа плановите на Арсенал, но никој не спомена колку сериозно целата ситуација ја следи Реал.

Германски „Билд“, кој ретко греши, тврди дека новата ѕвезда на унгарскиот фудбал имала телефонски разговор со Зинедин Зидан и дека тема била трансфер во Мадрид оваа зима.

Суперталентираниот играч за врска со месеци наназад е на радарот на неколку европски клубови, од Арсенал до Милан, но многумина веруваа дека следен чекор ќе биде преселба во кругот на Ред Бул семејството, односно од Салцбург во Лајпциг, што е пат по кој веќе претходно одеа Наби Кеита, Марсел Сабицер и Дајот Упамекано. Меѓутоа, Зидан веќе во првиот официјален контакт на Соболсаи му ставил до знаење дека на него сериозно смета, иако конкуренцијата во средниот ред на „Кралевите“ е сериозна.

Тој практично сите натпревари воаа сезона ги одигра на левата страна во сердниот ред, но не како класично лево крило, иако и тоа го покриваше на теренот, како и позицијата офанзивен играч за врска. Салцбург најчесто игра класична 4-4-2, поради што Собослаи е нешто меѓу лево крило и офанзивен бек. На лево крило во Реал конкуренцијата ја сочинуваат Родриго и Еден Азар, кој најголем дел од времето е повреден, па на „Кралевите“ им е потребно засилување.

„Билд“ тврди дека Собослаи е заинтересиран за трансфер во Мадрид, но вистина е и тоа дека се водат преговори со Лајпциг кој е познат како идеален развоен центар за млади фудбалери. Собослаи игра во врвна форма како играч на Салцбург каде веќе има 17 гола во 17 меча во сите натпреварувања и логично е да го привлече вниманието на купувачите од сите страни на европскиот континент. Експлозијата на Собослаи пријатно ги изненади сите и неговата кариера почна да доживува вртоглав подем кон ѕвездите.

Секако, трансферот на Собослаи во Реал зависи и од тоа дали Зидан воопшто ќе остане на клупата на „Кралскиот клуб“ до и после јануари

Сподели:

Comment here