РАКОМЕТСП ЕГИПЕТ 2021

ДАНСКА – ШВЕДСКА 26:24 Данска е светски шампион!!!

ДАНСКА ја одбрани светската титула победувајќи во конечните 26:24 против Шведска.

Никлас Ландин со 15 одбрани и Микел Хансен со седум погодоци и ја донесоа на Данска втората светска титула по ред. Веднаш по финалето Хансен беше прогласен за МВП на шампионатот.

Сепак, најзаслужен Данска да го добие скандинавското финале за светска титула е фантастичниот Ландин. Во тензично финале, кога играта се кршеше, тој ги бранеше буквално сите удари кои упатија кон неговиот гол.

Клучните погодоци во голот на Шведска ги испратија Хансен и Мадс Менсах. Тие завршија одлична работа како и Николај Арис и Холм, во нападот го надоместија Ласе Свон, кој мораше да излезе пред полувреме поради повреда.

Така, тимот на Николај Јакобсен стана четвртата репрезентација во историјата по Шведска, Романија и Франција што ја одбрани светската титула.

Сподели: